Многаја лета

Желби бескрајни
Навираат на очи,
Погледи незапирливи
Се враќаат во мугри.

Едни иднина имаат своја
Ех, човекова мечта немирна
Други се навраќаат молчешкум,
На случки по поминат друм.

Борба се одвива смерна
Да се надмине се што обременува,
Поука да ни   биде тоа спремна
Употреблива и во новата година.

Не само случки минуваат пред нас
Туку и сакани лица незаборавни,
Од гради се истргнува глас:
При Бога сите се живи.

Сочувај ги Велики
Сите во блажени спомени,
На кои се присетуваат моите мисли
Зашто се сите Твои промисли.

Радување и нажалување
Се во едно собравме,
На крајот сили најдовме
За се да Ти благодариме.





Во времето
Кое наидува
Дај Твојот слуга да се надѕидува,
Да се преумува човекот
Пред да дојде царот на векот.

Секој мој ближен
Да полета,
Себе да се види радосен –
Славејки  -  на многаја лета

Ете се повторно ни   дава
Дарителот на Животот
И во ова нова година
Љубовта да ни  биде иднина.      

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: