3.angeli.so.truba

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

3.angeli.so.truba

10 мај, 2020.   

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг кога Бог и Отецот од преголема љубов кон нас го испрати Својот Единороден Син, Кој заради нас стана Човек, и затоа никој веќе неможе да ги изговори овие зборови на раслабениот: „Немам човек".

Трагедијата на отпаднатиот од Бога свет е непрестајното искуство на пеколна осаменост. Среде метежот од мноштво луѓе заробени од сопствениот егоизам, кутриот човек вели „немам човек". Наспроти сите напори на обезбожениот (секуларен) хуманизам кој упорно сака да го одвои Бог од човекот, Црквата ја живее тајната на нераскинливата љубовна заедница помеѓу Бог и човекот совршено остварена во Личноста на Богочовекот Христос.

 3.angeli.so.truba

 

 Извор:

http://strumi.ca/vikaren-episkop-jakov-stobiski-nemam-chovek/?fbclid=IwAR26fhbqJmuht99XQDYfzHmWm4ePyw8ZqS0vnE4SF6FTaW4A1HKiH4FZ3G8