логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 metodij.micigen2.jpg

ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И
ПОСЛУШАНИЕТО

(Мт. 14, 22-34)

Господ  ги испрати  учениците во кораб преку морето, а потоа, во четвртата стража од ноќта, откако се помоли на планината, дојде при нив одејќи по површината на разбранетата вода. За човечкиот разум ова е едно од највпечатливите чуда што Спасителот ги направи пред очите на апостолите. Низ целата човечка  историја,  како црвена нишка се провлекува фасцинацијата од овој за природната логика несфатлив феномен. Надвор од законите на гравитацијата, несвојствено  за структурата на  водата, неочекувано за
човечкото разбирање на светот. Затоа и страв се беше вовлекол во срцата на учениците очевидци. Тие ја чувствуваа силата на природните стихии, но пред нивните очи ете нешто уште посилно од бурата, брановите и темнината. Учителот, Кој кротко и смирено го поучуваше и лекуваше народот, им зборуваше за спасението и Царството Небесно, сега  им  се  приближува чекорејќи по водената површина, им  заповеда  на природните сили и им се открива на луѓето како Господар на сета вселена. Тие тоа навидум  го знаеја,  но она, со што беше искушан нивниот разум,  беше над  обичното познание. Тоа  го сведочи и самото евангелско четиво. Кога учениците Го видоа како оди по морето, се уплашија и од страв извикаа: “Тоа  е привидение!” Колку вообичаена реакција на умот  човечки. Отворен да прифаќа секакви измислици и суетни заблуди, потпирајќи  се  на сетилата, а соочен  со натприродната логика на чудата истите ги смета  за привид. Тоа е и првиот страв што го разобличува евангелското собитие. Стравот  што   произлегува од   допирот  со натприродното. Како некоја невидлива рака да ја отвара  пред  нас   за   прв   пат  вратата  кон метафизичкото. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: “Не бојте се! Јас сум, не плашете се!” Со други зборови, она што го лекува ваквиот страв е благочестивото познание на Богочовекот Христос. Логосот Божји кој неразделно и неслеа- но има  удел и во божествената и во човечката природа.


Петар, пак,  со  својот темперамент кој секогаш зрачи со непосредност и безрезервност, поттикнат од  Христовите зборови, Му рече: “Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!” Да се сетиме само на неговата реакција при   првата  средба со    Учителот  покрај Галилејското море. Па и по воскерсението. Јован прв  дојде до гробот, но Петар, веднаш по него, без размислување влезе за да го побара телото на Спасителот. И кога  подоцна им  се  јави, пред вознесението. Останатите ученици со коработ се упатија кон  брегот, а само Петар се  опаша и  скокна во морето, пливајќи да Го сретне Христа. Како тогаш, така и во овој случај тој посака да се сретне со Спасителот, но не на брегот, туку среде море.  И Исус му рече: “Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса; зачекори, но, кога го виде силниот ветар, се  уплаши, почна  да  тоне и извика: “Господи, спаси ме!” Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече:  “Маловернику, зошто се посомнева?” Овој  страв што го беше опфатил Петра нема никаква врска со стравот Божји. Овој страв беше обичен човечки страв поттикнат  од инстинктот за самоодржување, маловерен страв на човек  којшто  буквално го губи  цврстото тло под нозете, кој ја губи  верата во Бога. Коренот на овој втор страв за кого зборува евангелскиот текст  е   сомнежот.  Недовербата  во   себе, недовербата во светот и неговите законитости, и конечно, недовербата во Бога. Зашто, Петар со својот прв  чекор на  морската површина  не  се исплаши од  силата Божја која  ги надминува природните стихии, туку  се плашеше од ветрот што беше силен, од брановите во темната ноќ што беа високи, и, се посомнева во тоа дали Учителот навистина ќе има сила да го спаси од давење.


Од   друга   страна,  пак,   со   овој   гест Спасителот сакаше да им открие на апостолите една  исклучителна вистина. Сознание кое  во символичка смисла беше уште еден праобраз на воскресението. Имено, она  што на  Бога  Му е можно по  природа, истото по  благодат му е  возможно и на секој  човек, на секој  оној што ја носи на себе  човечката природа. И единствено што го оддалечува од силата Божја, единствено што го оддалечува од моќта  и власта да биде сотрудник Божји дури и во најчудесното е стравот, т.е.  сомнежот.

Затоа Спасителот постојано ги охрабрува своите  ученици: Не  бојте се,  не плашете се! Токму затоа и ние не треба во ништо и со ништо да се сомневаме, ниту да се плашиме дека она што Бог го промислил за нас нема да се исполни. Или дека  она  што е  во  силата на десницата Божја, а  е  промислено за  нашето спасение, нема да се  оствари. Сé  има  смисла и промисла.  Оттаму и редот во  овој  навидум метежен свет. Присуството на Божјата промисла е изворот на секој поредок и логика. Тоа, на еден мошне едноставен, би рекле интимен начин, го забележуваме и во финалето на  евангелското собитие. Кога  Господ  Исус Христос и Петар влегоа во коработ, ветрот престана. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него,  Му се поклонија и рекоа:  “Навистина, Ти си Син Божји!”

Преку разбрануваното море,  темнината и бурата,  Господ   ги  доведе   апостолите  до познанието што им беше насушна попатнина за идната мисија. Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено благочестив страв, кој  ни се  открива низ целата библиска педагогија, па  и низ ова  четиво. Тој  страв  е почеток на  секоја  мудрост. Зацврстување  и  надминување на секоја колебливост. Утврдување во секое  знаење.  Стравот Божји ни дава сила и смелост пред Бога и во Бога. Со  истата таа сила апостолите, бестрашно и со цврста вера чекореа по  разбрануваното море  на  овој  свет и го пороповедаа Евангелието  по  сите краишта и мередијани. Со истата сила и ние им преодолеваме на стихиите и бедоносните бранови на животот, трудејќи се  да Му бидеме верни  на  Христа и носејќи го својот крст да не потонеме во погубните длабочини на гревот и злобата.

 Извор:

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 

 

 

Друго:

„Неговиот ликовен израз, напојуван од изворите на светоотечката литература и делата на современото богословие за иконата, дополнет со извонредно познавање на старите иконографски обрасци, потсетува на најдобриот византиски иконопис со царски вкус.“

Sv.Troica.K.Z2.jpg

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 651
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »