3.angeli.so.truba

Што беше, беше, и што се кажа се кажа, или се направи, сега останува смирено и со трпение да земеме учество во крстот Христов Кој претрпи за нас страдања и крсна смрт, за да земеме учество во радоста на Неговото Воскресение што ни отвори пат и за наше воскресение. Ако не покажеме смиреност и трпение, и воскресенска радост ништо од нашиот подвиг.

Да не заборавиме дека христијаните ја преобразија Римската империја не со сила и бунт, туку со мачеништво во која ја сведочеле и славеле воскресенска радост во маките. Такви примери има во илјадници житија на светителите, каде не со сила туку сведоштво на Христа се спасувале други.

Црквата - Телото Христово преку оној околу кого се собираме ни испрати послание и препораки за учеството во светите Тајни на едно и исто место, сега останува на нас дали ќе бидеме верни по примерот на светителите, жителите на нам посакуванато царство небесно кон кое се стремиме од крштевањето, или ќе бидеме активисти на овој ограничен свет со неговите методи.


П.С. Црквата го издража Нерон, императорот римски, а не пак вакви демократии. Нели нашиот Цар има трнов венец за круна, сега пак што е со нас.

 

Отец Горан Стојчевски