логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА


Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.
Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели. Иако велиме дека во процесот на преображението и обожението нашата и Божјата природа заемно се проникнуваат, ние сепак знаеме дека проникнувањето бива од страна на Бог, Кој со Своите несоздадени енергии (благодат) ја проникнува и обожува човечката природа. Затоа Бог е единствениот наш Спасител и никој друг. Човек не може да спаси човек.
Во Догматиката нема ништо нејасно. Проблемот е во нејзиното разбирање на различен начин. Некој ја чита со затемнет ум (неверниот), некој со помисла дека има просветлен ум – иако нема умно-срдечна молитва (опрелестениот), некој со ум чија енергија е доволно очистена (оној што правилно го чисти срцето од страстите, во послушание), некој со доволно просветлена суштина и енергија на умот (просветлениот, кој е носител на дарот на аскетската умно-срдечна молитва), а некој со својот обожен
ум.
Значи, нема никаков проблем во Догматиката на Црквата. Проблем е што луѓето заглавуваат во неправилното разбирање и во неправилниот подвиг да ја надминат поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, и тука остануваат заглавени. Не сфаќаат дека таа поделба е надмината со воплотувањето на Синот Божји и дека ние ја добиваме на дар преку правилниот подвиг во кој се случува нов личносен однос и дијалог помеѓу Бог и човекот, кој воопшто не е едностран – и човекот Го слуша Бог, но и Бог го слуша човекот. Секако, за ова да се сфати треба да се има жив опит од вистински личносен однос и со Бог и со ближниот.
Од воплотувањето на Синот Божји од Светиот Дух и Дева Марија па натаму, нашиот однос со Бог не го дефинира тоа што Тој е несоздаден Бог, а ние создадени луѓе, туку го дефинира фактот дека Тој е нашиот Небесен Отец, а ние сме Негови чеда и браќа на Богочовекот Христос – по благодат. Така и односот помеѓу Христос и Богородица не ги дефинира тоа што Тој е Бог, а Таа човек, туку тоа што Таа е Негова Мајка, а Тој Нејзин Син. Христос може да биде стопати Бог, а Марија може да е стопати обичен човек, и тоа сега нам веќе не ни е битно. Но, суштински ни е битно што Таа Му е Мајка, а Христос Нејзин Син, и што ние сме Негови браќа и Нејзини чеда по благодат; како и фактот што Мајката се почитува и слуша исто колку и Отецот.
Затоа, кога велиме „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, ние не мислиме дека Таа нѐ спасува од Себе, поради Нејзината совршено обожена природа или затоа што Таа е некаква Божица, туку поради Нејзината позиција – како Божја Мајка, Која има Син што Ѝ е послушен; поради Нејзиниот однос кон Бог и поради односот на Бог кон Неа.
Но, зошто дури и во ваква беседа ја спомнувам умно-срдечната молитва? Затоа што ако ја имавме, ќе знаевме дека таа е Нејзино откровение и дар – кој од Нејзе се измолува, а тајната на новите личносни односи, која ја надминува поделбата меѓу Несоздаденото и создаденото, ќе ни беше јасно откриена.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 727
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »