логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 
Најголемото богатство

 
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Денес сакам заеднички да погледнеме, од една наша лична перспектива, на дијалогот што се одвива помеѓу овој млад и богат човек и Богочовекот Христос (види: Матеј 19, 16–26). Момчето навистина започнува убаво: „Учителе добар, што треба да направам за да имам живот вечен?“, и на некој начин тоа сите го разбираме, тој егзистенцијален крик на секоја човечка душа – да живее вечно и да ја надмине смртта. Но на крајот, сепак, во Евангелието се вели: „Си отиде нажален од Христос“, иако Христос со ништо не го растажил, ниту пак, имал намера да го растажи, само искрено одговорил на неговите прашања. Многу луѓе си заминуваат и денес натажени од Црквата, и од пастирите на Црквата.

Но, тоа е само поради тоа што не може Црквата и вековното Предание на Отците, и евангелската вистина да се прилагодуваат на желбите или, подобро кажано, на страстите човечки. Евангелската вистина е бескрупулозна во однос на снисходењето кон гревот и страстите, и кон сето она што е спротивно на Бог, Кој ни се откри во Евангелието на Својот Син.

Сум ви кажал многупати дека Светото Евангелие на богослужбите, а пред сè, на Литургијата, Го иконизира Христос на собранието. Целивањето на Евангелието на Утрената Го иконизира Христос – на Христос Му се поклонуваме и Христос Го целиваме. Единствено на неделната Утрена свештеникот го чита воскресното евангелско четиво на чесната трпеза, а не пред дверите. Објавувајќи го воскресението и држејќи го пред дверите, тој нè повикува да Го целиваме и да Му се поклониме на Воскреснатиот Христос, Кого Го изнесува од гробот (чесната трпеза) додека читаме:  „Откако го видовме Воскресението Христово, пријдете да Му се поклониме на Светиот Господ Исус“. И на Малиот вход, исто така, Евангелието што поминува меѓу народот и влегува во олтарот, зад кое чекори епископот како жива икона Христова, го положува на престолот и во тој миг, во Негово обличје и на Негово место ја започнува Светата Литургија.

Но, да се вратиме на она „си отиде нажален“. Тоа е најголемата трагедија на секој човечки живот: да дојдеш до познание на вистината, да заживееш светотаински во Црквата, да ти подари Господ духовен отец, и на крајот да си заминеш нажален од Христос, од Оној Кој е извор на секоја радост и во историјата, и во есхатонот. Сега, прашањето е: како воопшто човек може да си замине натажен од Христос? Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор на тага, нервози итн.? Секако дека не страдаме заради Христос. Таквото страдање носи духовна радост и победа над ѓаволот и страстите, и таквите страдалници ги нарекуваме свети маченици. Извор на нашето страдање се страстите. Впрочем, зборот страст буквално означува страдање. Така, и овој човек си отиден нажален поради страстите од коишто беше заробен, и во ова негово однесување секој од нас ќе се препознае.

Најтажно од сè е што овој богат човек си замина од Христос не насетувајќи во ниту еден миг дека зборува со Господ, нарекувајќи го цело време „учителе“. И не е проблем тука само неговото богатство. Тој вели дека ги исполнувал сите заповеди Божји и живеел според нив уште од младоста. Целта, пак, на исполнувањето на заповедите Божји е богопознание. Во заповедите Божји, во исполнувањето на заповедите, Самиот Бог Го откриваме; инаку, која е смислата да ги исполнуваме заповедите ако тоа не нè води кон Бог!? Бог се крие, Светите отци велат, во заповедите Свои. Оти, оној што живеел праведно и што ги исполнувал заповедите Божји, тој не може да не Го препознае Христос, како праведниот Симеон Богопримец. Тој Го видел Христос како Младенец и веднаш му било јасно Кого гледа, велејќи Му: „Сега го отпушташ Твојот слуга со мир, Владико“. Има многу средби во Евангелието каде луѓето во Христос Го препознаваат Господ. Таткото на бесомачното момче вели: „Верувам Господи, помогни му на моето неверие“ (Марко 9, 24); разбојникот на крстот вели: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое“ (Лука 23, 42), а овој млад човек не само што се расфрла со зборови, велејќи дека сè запазил и исполнил, туку на крајот си заминува натажен од Христос, мислејќи дека зборувал со еден од учителите на законот, иако Христос нежно и љубовно сакал да му се открие и како Бог, велејќи му: „никој не е добар, освен Единиот Бог“.

Не може ако живееме за Бог, ако ги исполнуваме заповедите, да не Го препознаеме Бог, пред сè во ближниот; не може да го повредиме ближниот, а да велиме дека Бог сме Го познале. Тогаш свети Јован Богослов ќе нѐ разобличи, кој вели: оној што вели Го познал Бог, а го мрази братот свој, тој е лажго и во него нема вистина (види: 1 Јован 2, 9–11), оти како може да велиме дека сме Го познале и дека Го љубиме Бог, Кој не Го гледаме, а го презираме братот свој, кој го гледаме.

Одиме во црква со години и сè уште сме нажалени, сè уште сме натажени, сè уште немаме предвкус на Царството Небесно и на радоста што треба да го проникнува и овоземниот живот, оти оној што изградил заедница со Христос, тој веќе се допрел, се дограбил до вечноста и ја оприсутнува во овој живот. Оној што има заедница со Христос ја оприсутнува вечноста каде и да се наоѓа. Ако е монах, ја оприсутнува вечноста во манастирот, меѓу сите браќа во братството, меѓу сите сестри. Сите, покрај еден единствен човек кој се допрел до Христос го чувствуваат манастирот како рај. Оти, во целост тој личи на Христос, зборува како Христос, дејствува како Христос, мисли како Христос, стекнал ум Христов. Таквиот попрво претрпува навреда и прекор отколку што некого само и би погледнал со прекор, освен ако не е на таква позиција во манастирот.

Во семејството, исто така, само поради еден човек што оди на црква и се моли, кој прави метании, се кае, плаче тајно од очите на другите, ја оприсутнува вечноста во куќата во којашто живее, меѓу соседите, меѓу непријателите, и им дава можност да ја почувствуваат вечноста и во нивниот живот.

Се чудиме на тоа како и овој кутар човек си замина нажален среќавајќи се со Изворот на секоја радост. Каква трагедија, која очигледно многумина од нас ја живеат. По Светата Литургија си заминуваме натажени од Христос. Како можеш да се причестиш, да се сретнеш со Христос и да заминеш оттука со злоба, со истите чувства кон соседите, кон непријателите!? Како можеш да се причестиш, да Го примиш и да Го видиш Христос, а да не си заминеш оттука со радост? Што друго да те израдува во овој свет, што да ти даде и што да ти донесе радост?

Овој човек му се врати на своето огромно богатство, а Христос натажен вели: „Богат мачно ќе влезе во Царството Небесно; и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо“.

Што значат зборовите: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога е можно!?“

Тоа го видовме илјадници пати во историјата на Христовата Црква – како во пресуден миг се одлучуваш помеѓу богатството и Христос. Нормално, раздаваш сè, како што читаме во житијата на Светиите, како раздале сè на сиромашните и со радост заминале во пустините или во манастирите  кон Христос. Или на мирјаните, луѓето Христови што живееле во светот, кога настанале гонењата во Римската империја, им ги одземале имотите. Ете, видете го свети Георгиј Победоносец, патронот и заштитникот на нашиот манастир: тој бил управник на цела една област, а свети Димитриј Мироточив на цел град со околината. И покрај тоа, ни за миг не се поколебал; сè презрел, робовите ги отпуштил, огромното богатство го раздал и подготвен го чекал својот мачител да се врати од поход.

Гледате колку сме далеку од христијанскиот идеал и колку сме слични на овој човек кога нажалени си одиме од Христос кон своето „богатство“: гордоста, високото мислење за себеси, надменоста, куќата, колата, парите, жената, децата, а мачениците не натажени, туку радосно трчале од своите богатства кон смртта заради Христос. Не се чудете зошто тука ги набројав и жената и децата. Ние лесно од сè правиме идол. Видете ја света Софија, мајката на Вера, Надеж и Љубов, што им вели: смело кон смртта, смело кон Христос. Мајка свесно ги предава на смрт своите деца и се плаши само од тоа да не се откажат од Христос.

Гледате колку сме далеку од тоа да се наречеме христијани? Затоа има и страдање во нашиот живот – затоа што има страсти, кои ни го затемниле нашето духовно око и не можеме во Христос да ја видиме смислата на нашето постоење. Само поради тоа што не сме се одрекле од сè. Слушнете што пееме во Херувимската песна, непосредно пред Големиот вход: „А сега, секаква световна грижа да оставиме“, како неопходен предуслов за да можеме да продолжиме да пееме по входот: „за да Го примиме Царот на сè“. Мора да се откажеме од сè и да оставиме сè за да направиме место во своето срце за Царот на сè. Во спротивно, секогаш ќе се најде нешто што ќе нѐ натера да си отидеме нажалени од Христос, налик на овој богат човек, кој остана без најголемото богатство.

Бог да нè сочува сите од таква беда!

 

Викарен Епископ Јаков Стобиски

 

Божествена Литургија во манастирот во Ново Село (08.09.2019 06:20)

На празникот на светите маченици Адријан и Наталија, и преподобен Титој, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

 

 Извор: МПЦ-ОА

Ссептември 2019 лето Господово

 

 



 
    



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6411
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная