логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Raganje.sv.JovanKrst.jpg


7 јули 2018
 
Евангелието на св. апостол Лука започнува со раскажување во кои историски околности се случило раѓањето на св. Јован Крстител. „Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка. Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари.“ (Лк. 1:5-7).

По многу години праведен живот пред Бога, истовремено, по многу години мачна бездетност и многугодишно трпеливо поднесување на осуда од луѓето, архангелот Гавриил се појавил пред Захарија и му рекол: „Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован.“ (Лк. 1:13)
Не бој се, Захарија! – архангелот прво се обраќа со зборовите за ободрување кон човекот: Не плаши се! Тоа се зборови кои ќе ги сретнеме на 145 места во Светото Писмо, од кои дури 38 пати во Новиот Завет. Потоа го известува дека неговата молитва е услишана! Природно се поставува прашањето, зошто Бог, на молитвата од тој праведник не одговарал толку многу години? Зошто молитвата на еден праведен човек е услишана дури кога тој стигнал до крајот на својот живот на земјата? Зарем Бог не го слушал гласот на родителите на светиот пророк и пред тоа, во текот на целиот нивни брачен живот? Веројатно, не постои христијанин кој не размислувал за ова прашање. Дали Бог нѐ слуша? Зошто Тој толку често молчи во одговор на нашите барања? Ако пак, одговора, зошто не го слушаме тој одговор? Едни сомневања неизбежно раѓаат други, а животот се исполнува со неодлучност, двоумење и бесплодни пребарувања.
Искрено, човечкиот разум тешко ја оправдува Божјата тишина. Впрочем, тоа не е задача со која човек треба да се занимава. Поважно е со нашата вера постојано да ги уништуваме сомнежите на разумот со еден аргумент; ако Бог молчи, тогаш има причина за тоа! Ние сме повикани тишината на Бога не да ја рационализираме,туку со нашето трпение, со нашата вера да ја оправдуваме во овој безумен свет, кој Бара Творецот без одложување, сега и веднаш да се објави себе си – јасно и недвосмислено. Всушност, Бог не молчи, тој зборува на јазикот на совршена љубов, и тој јазик може да го разбере само оној кој е подготвен да одговори на оваа љубов! Многумина бараат Бог да одговори на нивните барања, имено, барања, а не молитви, зашто молитвата е разговор со Бога, разговор што треба да се протега низ целиот наш живот, а барање е човечка потреба; некој во одреден момент да ни излезе во пресрест и да ни помогне во нешто што е над нашата моќ, нешто со што не можеме да се справиме сами. На барањето се одговара со раздолжување, и потоа договорните страни може да немаат ништо повеќе еден со друг.
А, Бог сака да нѐ воведе во непрекинат дијалог со него. Дијалог кој на земјата може да биде исполнет со долги периоди на чекање одговор, дијалог во кој може да немаме брзи и очекувани одговори, но секогаш ќе бидеме изненадени и вдахновувани со сила од горе, со поддршка од Бога да истраеме во трпението и во нашето очекување на неговиот одговор.
Ако не научиме со молитва да благодариме за Божјото молчење, нема да знаеме да го цениме ни Божјото слово, ни Божјото дејство во нашиот живот. Бог не се открива на љубопитните, тој се открива на вистинољубивите кои ќе живеаат соодветно на богооткровението што го доживеале. Бог знае кому; како и кога да одговори.
Кога св. Јован Крстител бил во затвор, испратил свои ученици кај Исус Христос да го прашаат: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?”
Некои толкувачи велат дека св. Јован тоа го сторил заради нив, тие да се утврдат во верата, но сепак, и св. Јован е човек кој во животот имал тешки моменти, какви што несомнено биле последните денови пред да биде отсечена неговата чесна глава. Впрочем, човековата цврстина е од Бога и Бог секого го закрепнува со неговата благодат или го воведува во борба со себе, со своите мисли, за да го одржи во сознанието дека Бога не може да опстане ни минута.
Св. Јован кој порано го познал Христос без никаков претходен разговор со него, бидејќи бил пророк преку говорел Светиот Дух, го познал и рекол: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! – тој сепак бара од Христос сигурност и потврда на своето сознание.
А, Христос што му одговара? Ние би сакале одговор во стилот: Да, одете кажете му на Јован - јас сум тој што го чекате, јас сум Синот Божји, рамен на Бог Отецот, Спасител на светот...
Но, наместо таков одговор, Исус одговорил и рекол: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате: слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Евангелието; и блажен е оној, што не се соблазнува заради Мене.”
Наместо директен одговор, Христос бара св. Јован Крстител и сите ние да разбереме кој е Христос преку неговите дела. Како што порано им рекол на Јудејците: „на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него“ (Јован 10:38). На крајот од неговиот одговор до св. Јован Крстител, Христос додава: „и блажен е тој што не се соблазнува заради Мене,“ или како што стои на грчки: μὴ σκανδαλισθῇ ἐν ἐμοί, т.е. оној што не се скандализира од мене, оној за кого нема да претставувам скандал. Тој збор: скандал (σκάνδαλον) = соблазна и глаголот од него: соблазнување (σκανδαλίζω), има повеќе значења:

     некој да биде наведен на грев,
    да биде попречен или сопнат на патот по кој оди и да падне
    да се предизвика некој неправедно да донесе лоша оценка за друг
    да се предизвика огорченост или незадоволство од некој друг.

Овој свет се натпреварува во скандалите против Христа и на многу начини се обидува да нѐ соблазни, да ја намали или сосема да ја уништи нашата вера во Христа. Дали преку медиумите кои ќе информираат со лажни, сензационални откритија со кои ете, научно се докажало дека Исус не е Христос, не е Месијата, ниту некаков Спасител или Син Божји, дали преку преку самодоволноста и егоизмот што се рекламираат како современ начин на живот – овој свет ги впрегнува сите сили и средства за остварување на својата цел; луѓето што не го познале Христос да ги задржи што подалеку од Вистината, а оние што веруваат да ги соблазни – да го отфрлат Христа.
Браќа и сестри, не постои одговор што ќе ги разреши сите наши дилеми или проблеми во овој живот, ниту пак ѓаволот ќе престане да нѐ искушува до крајот на животот. Животот за нас секогаш ќе остане таинствена длабочина, бескрајна морска шир по која може да пловиме само со вера, со молитва, со љубов кон Бога и кон ближните.
Денес кога го славиме споменот на раѓањето на св Јован и кога се радуваме што Бог промислил да се роди таква чудесна личност што ќе биде негов Пророк, Претеча и Крстител, да се помолиме Бог да ни дарува од неговата вистинољубивост и огнена ревност за исполнување на Божјите заповеди, амин.


Беседа прочитана на денешната Света Литургија,  во храмот Свети Никола, во Куманово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 723
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум за вистинско мачеништво (24.06.2020)

Наравоучение: православната психотерапија прави разлика меѓу искушенија што ни се случуваат затоа што душевно оздравуваме (очистување на срцето од страстите) или сме доволно здрави (просветлување на умот), од искушенија што...

« »