логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Мачеништвото, монаштвото, и јуродивството заради Христос се трите најекстремни начини на одрекување од овој свет и затоа – начини на живот што најбрзо и најблиску го соединуваат човекот со Бог. Затоа, најчесто кај овие подвижници, како што вели и светиот Јован Лествичник, можеме да ги забележиме изобилно излеани сите дарови Божји на обожението: и непрестајната умно-срдечна молитва, и гледањето на несоздадената светлина, и грабнувањето на умот, и телото духовно, и дарот на чудотворство, и љубовта и кон непријателите.

Овие три начини на христијански живот заемно се проземаат и во суштина се неразделни. Маченикот е речиси секогаш монах (сам) и јуродив. Вистинскиот монах е речиси секогаш јуродив и маченик. Јуродивиот е речиси секогаш маченик и монах. Дали Светиот Дух – Кој го поттикнува и му дава сила на човекот од љубов кон Христос екстремно да се одрече од овој свет – ќе ја преточи таа негова љубов во маченички, јуродив или монашки подвиг, зависи од историските потреби и околности во коишто се наоѓа Црквата и од човековиот слободен избор. Зборувам за суштината на појавите, а не за нивната форма.

И житијата на сите свети маченици во основа се само незамолчливи сведоштва на екстремното одрекување од овој свет, коишто постојано ја будат заспаната христијанска совест низ вековите: маченикот, при полна и здрава свест, се одрекува од самиот себе и од сè свое, претпочитајќи ја дури и телесната смрт, само за да не се одрече од својот Господ Христос и за да не Го изгуби: „Кој се одрече од Мене пред луѓето, ќе се одречам и Јас од него пред Мојот Отец Небесен“ (Матеј 10, 33).

А што видовме ние во денешното евангелско четиво (види: Лука 14, 16–24)? Видовме луѓе заробени од своите страсти. Видовме луѓе кои заради задоволување на своите страсти се одрекоа од Богочовекот Христос и од Неговата „голема вечера“ – иако некои од нив се обидоа некако да се оправдаат и да се извинат. А забележавме и дека оној што се ожени толку се заслепи, што заборави дури и на елементарната култура, та не се ни извини. Зарем не се случува истото одрекување од Христос и денес, насекаде околу нас? Зарем не ја забележуваме истата млака и непостојана борба со страстите и внатре во нас? Господи, помилуј...!

Да не ме сфатите погрешно, не ви зборувам против задоволувањето на основните потреби за живот, ниту против законското стекнување имот, ниту против бракот, туку ви зборувам против претворањето на даровите Божји во цел сами по себе. Богочовекот Христос е целта на христијанскиот живот, а даровите Божји се само средства преку кои се остварува таа цел.

Значи, зошто ги потенциравме погоренаведените крајно спротивставени примери на одрекување од Христос заради светот, од една страна, и на екстремно одрекување од светот заради Христос, од друга страна? За да можеме внатре во тие гранични состојби полесно да се пронајдеме себеси, да се покаеме и навреме да ја избегнеме страшната осуда: „Ги знам делата твои: ти не си ни студен ни жежок; о, да беше студен или жежок! Така, бидејќи си млак, а не жежок ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја“ (Откр. 3, 15–16).

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 554
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 854
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 824
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »