логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Беседа на г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски за празникот
Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски


Правило на верата


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Да не знае твојата лева рака што прави десната…
(Матеј 6,3)

Драги браќа и сестри,
Денес се наоѓаме во храмот посветен на светителот – за чиј спомен си спомнува Светата Црква, се наоѓаме во храмот на светиот Николај Мирликиски, чудотворец, голем светител, чиј што живот и дела биле и се нагледно правило за вистинската вера на Црквата. Дојдовте во толку голем број да му ја одадете заслужената почит на Мириликискиот архипастир, кој бил и пример на кротоста и на смиреноста, но особено бил пример како треба да се прават добрини, поради што христијанската Црква во неговото лице ни дава највозвишен пример на милосрдие и добртворство.
Од неговото житие дознаваме дека овој славен светител, кого што денес го слават по сиот свет, бил син единец на  угледните родители Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им бил син единец даруван од Бога, тие Му го посветиле на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот свети Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонашил во манастирот „Новиот Сион“, основан од неговиот чичко. По смртта на родителите Николај им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6,3). Кога се предал на самотност и на безмолвие, мислејќи така да проживее до смртта, му дошол глас одозгора: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш да бидеш од Мене овенчан.“ Веднаш потоа според чудесната Божја Промисла бил избран за епископ на градот Мир во Ликија. Милостив, мудар, неустрашлив свети Никола му бил вистински добар пастир на своето стадо. За време на гонењето на христијаните под Диоклецијан и Максимијан го фрлиле во затвор, но тој и во затворот ги поучувал луѓето на законот Божји. Присуствувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја и од голема ревност за вистината го удрил еретикот Ариј. За ова дело го отстраниле од Соборот и од архиерејската служба, сѐ додека на неколкумина од првите архиереи на Соборот не им се јавиле Самиот Господ Христос и Пресвета Богородица и не го објавиле своето благоволение кон Николај. Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето. На двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, одел меѓу луѓето небаре ангел Божји. Уште за време на животот луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош во маки и неволји и им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку, и им помагал. Од неговото лице блескала светлина како од лицето Мојсеево, па и со самата своја појава им носел на луѓето утеха, мир и добра волја. На старост малку се разболил и се упокоил во Господа, многустрадален и многуплоден, за вечно да се весели во Небесното Царство продолжувајќи да чудотвори на земјата, помагајќи им на верните и прославувајќи Го својот Бог. Се упокоил на 6 декември 343 година.

 

Почитувани верници,
    Од неговото житие можеме да видиме дека неговиот живот бил како море од добродетели, стихија од добри дела. Тој бил и останува, според своите добри дела, вистински одбран сад на љубовта кон Бога и ближните. Свети Никола, иако не бил учен човек, сепак со своето просветено срце и ум, успеал да стане правило на верата, бидејќи низ целиот свој живот сведочел дека христијанската вера се познава според делата. Неговото милосрдие и добри дела биле израз на неговата вера. Низ целиот свој живот правел добри дела. Тој на разни начини, во повеќе наврати и ситуации сето свое земно богатство им го разделил на сиромасите, сираците и страдалниците. Се залагал и за затворениците и заробениците, за невините, за гладните и изнемоштените, за очајните мајки и вдовиците, спасувал и  благочестиви семејства. Едноставно со целиот свој живот и дела не поучува како да се залагаме за невините и како да ги заштитуваме честа и правдата.
Благочестиви христијани,
Денес се чуствувам повикан и морам да кажам, инспириран од денешниот празник –дека во овие тешки животни премрежја би било добро да се потрудиме колку што можеме повеќе да се поучуваме од животот и од делата на светиот Никола и да го подржаваме и следиме неговиот пример. Но како да го подржаваме и следиме неговиот пример? – Преку правење добри дела и милостиња. Нажалост денес како да забораваме да правиме добри дела, особено забораваме да дадеме милостиња. Времето во кое живееме е време на владеење на егоизмот и среброљубието во невидени досега размери. Лакомоста по светските богатства, скржавоста се пороци за секоја осуда. Не треба да забораваме дека нашето спасение е во добрите дела! Затоа треба да ги цениме добрите дела и милостињата и да се бориме против  многуте пороци, кои не одалечуваат и од Бога и од луѓето, како што се: лакомоста, себичноста, скржавоста, похотта и страста кон матријални добра и светска слава. Да не бидеме како неразумниот богат човек од евангелието, туку да знаете и во вашата свест да се вреже дека богатството се дава не поради спокојство во земниот живот, туку пред сè за правење добри дела, за на душата да и се обезбеди вечен живот.
Денес многумина знаат својата скржавост да ја оправдаат со штедливоста или економичноста. Не треба да се меша штедливоста со скржавоста. Штедливоста е благословена добродетел, а скржавоста е порок. Меѓутоа, има луѓе кои со својата прекумерна штедливост придобија големи богатства, па потоа и таа добродетел ја претворија во порок. Честопати богатите патат од порокот на скржавоста, па како резултат на тоа во сегашноста сме соочени и со социјална неправда, со искористувањето на човековата работна рака. Имаме многу примери кога луѓето работат вредно, а нивниот труд не е воопшто награден, па дури им се скратува и месечната награда неоопходна за живот. Богатството создадено со чесна работа не е за осудување, но кога ќе се појави скржавоста – таа го осквернува. Сега на ум ми дојде една потполно точна мисла од еден познат мислител, која како поука ќе ја споделам со вас: Богатите мораат да живеат едноставно, за сиромашните едноставно да можат да живеат.
Исто така, во фокусот на нашето време е феноменот на незадоволството и се почестата појава на депресија, па многумина од нас се сведоци и на тоа, дека и покрај се подобрата матријална состојба, бараната среќа и благосостојба не доааѓаат, а напротив, животот станува се потежок и потежок, несреќите се почести и поголеми.


Сите овие пороци се јавуваат како резултат на последицата од ладењето и од одалечувањето од верата, од заборавањето на задгробниот живот, како и од губењето на љубовта. Затоа да се покаеме и да ја зајкниме нашата вера, за која да се сочува чиста се борел и светиот Никола. Да го очистиме нашето срце и да го просветлиме нашиот ум, та обожени да поживееме богоугоден живот, правејќи добри дела и милостињи. Тоа да биде наш секојдневен подвиг. Погледнете околу себе, има толку неволји и несреќи, толку солзи и молби, толку сиромаштија и незадоволени потреби на општ и поединечен план, матријални и морални. Сето тоа отвора широк и добар пат на милостните христијански срца за добротворни акции, за придобивање небесни богатства. Насекаде околу нас, можеме да го пресретнеме „сиромашниот Лазар“, кој и нас не моли за трошка леб. Во тие мигови ние треба да се сетиме колку големи суми и средства се расфрлаат за мода, тутун, пиво, разни штетни пијалоци итн. Ако само еден мал дел од тие средства би го употребиле за помош на сиромасите, сираците и страдалниците, радоста околу нас би била поголема. Да штедиме и правиме добрини - само на таков начин штедливоста е оправдана и вистинска добродетел. Да ги имаме постојано во глава и следниве зборови на христијанскиот подвижник: „Прави добрина, одбегнувај го злото и ќе се спасиш“, јас само би дополнил со Христовите зборови: „Одете и правете така“.
Во овој милостив и спасителен подвиг за наш пример, постојано да го имаме правилото на верата големиот светител, свети Никола, кој целото свое земно богатство го разделил. Ние денес, свечено славејќи го неговиот свет спомен, него го молиме да ни помага во собирањето на неопходните небесни богатства, а Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос, нека ве усоврши во секое добро дело, за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она, што Му е Нему благоугодно, преку Исуса Христа, Нему слава во веки веков. Амин! (Евреи 13, 20-21).


Нека е за многу години денешниот празник, а на сите оние кои го празнуваат свети Никола како свој заштитник, нека им е вечна славата!

 

19- ти декември 2017 лето Господово



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…
Октомври 28, 2018

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки познатиот шампион во спортско качување, Адам Ондра. 25-годишниот Адам, кој е родум од Брно, неколку години е дел од Чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 135
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 101
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Св. Климент Охридски: Слово за зачнувањето на св. Јован Претеча

Окт 14, 2018 Житија 134
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни…

Беседи

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ПЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 „ А кој е мојот ближен?“. Многу христијани не знаат кој е нивниот ближен. Под ближен се подразбираат сите луѓе, од сите раси, од сите народности, од целиот свет. Сите...

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

ереј Игор Острески: ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Драги христијани, секој што умира, привремено заспива со своето тело, а останува засекогаш жив со својата душа, која не може да умре и која при Второто Христово доаѓање, повторно ќе...

Два приода кон слободата

Два приода кон слободата

Првиот, после неговата средба со Ослободителот и Спасителот Христос, од корен се променува: од гол постанува „облечен и разумен“; од несоцијален, којшто живеел по гробовите и пустината, сега се наоѓа...

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

БEСEДА за жeлбата за Бoга - eдинствeна жeлба на правeдникoт

Тeбe? Пoтрeбна ли му e рeка на oнoј кoјштo e дoвeдeн на извoрoт да пиe? И дали сe заглeдува вo oвчарската трпeза oнoј кoј e сeднат на царската трпeза? Бoг...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас  (04.11.2018)

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пет години со Вас (04.11.2018)

Денес потомци на таа Христова црква сме сите ние заедно тука – како заедница. Како членови на Телото Христово, треба да знаеме дека кога страда еден орган – страда целото...

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

ереј Игор Острески: Беседа во дваесет и првата недела по Педесетница

Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља.  А Неговата воља е совршеноста на...

БEСEДА за пoкајаниeтo на царoт

БEСEДА за пoкајаниeтo на царoт

Пoкајаниeтo нe e самo за eдeн час или за eдeн дeн. Тoа трeба да бидe нашe внатрeшнo занимањe дo крајoт на живoтoт. Сeкoја нoќ гo навлажнувам лeглoтo мoe, гoвoри Давид....

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе да...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

« »

Најново од духовност

Православен календар

20/11/2018 - вторник

Светиот маченик Јерон со дружината

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2018

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2018

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2018

Со исповедувањето на Божествената вера, Црквата те покажа како втор Павле, ревнител меѓу свештениците: со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2018

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная