Овој ден го празнуваме чудото на нашиот Спасител Господ Исус Христос, што го направил над слепородениот. И во ова чудо, Спасителот ја користел водата како лек, слично со жената самарјанка и раслабениот. Христос му рекол на слепиот, кој бил таков и роден, да отиде во бањата Силоам и да се измие за да прогледа. Учениците го прашале: „Учителе кој згрешил, тој или родителите негови?" Бидејќи кога Христос го излекувал фатениот му рекол: „Еве сега си здрав и не греши повеќе"... Но Христос им вели дека сега не е од тие причини, туку да се јават делата на славата Божја. Односно, да го потврди Он Неговото Божество. Бањата се викала Силоам, што во превод значи „ИСПРАТЕН", а тој извор бил отворен по молитвите на пророкот Исаија, и секогаш кога некој човек ќе бил испратен од прор. Исаија тој имал вода, а кога ќе дошле војниците кои биле поробители на Еврејскиот народ, тој извор пресушувал. Затоа и Христос го испратил во Свое име, односно во име на Бога.


Ова чудо го виделе многу луѓе. Оние кои го познавале и знаеле дека е слеп од раѓање се чуделе и го прашале, како се случило ова. Прогледаниот им кажал дека Исус го излекувал. Оној Кој ни ги отвора нашите духовни очи, му ги отворил и телесните очи. И во сиот тој момент на радост, некои го пројавиле својот гнев. Еврејските учители. Оние кои имале очи, ама не гледале, имале уши не слушале. Кога сите се радувале тие се гневеле. Сега наместо да го величаат Христа тие се нафрлиле на Него, дека ја нарушил саботата, бидејќи тој ден било сабота. Затоа настанало расправија. Едни велеле дека Исус е од Бога, оти прави така невидени чуда, други дека не е од Бога, оти не ја почитува саботата. Но, кога го прашале излекуваниот, кому Исус му ги отворил на само телесните, туку и духовните очи, тој со восхит одговорил: „Ако Он не е испратен од Бога, не би можел да го направи ова чудо". Тогаш започнале навредите и кон него од страна на еврејските водачи, па дури и го избркале. Но он, се вели, отпосле кога го сретна Исус, му се поклонил и станал Негов ученик, проповедајќи го Неговото добро дело.

Би можело да се каже дека слепиот го означува народот произлезен од незнабоштвото, паганството, што Исус го сретнал додека бил со тело на земјата, а не на небото. Или, пак бидејќи е дојден заради еврејскиот народ, патем, Он свратил и кај незнабошците. Праќајки го да се измие на бањата Силоам, Тој всушност го упатува секој човек најпрво на св. Крштение, за да му бидат отворени и очите на неговата душа. Незнабожечкиот народ го прифаќал Христа, а додека еврејскиот, со мали исклучоци, го отфрлил. Еврејскиот народ го предал Христа на страдање и смрт, а незнабожечкиот страдал и бил убиван за да биде со Христа.


Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, да ни дарува од Неговата вечна светлина, за да ни бидат отворени нашите духовни очи, да можеме да врвиме по неговиот спасоносен пат, кој води во Неговото вечно царство, и Кому Му прилега слава и полонение заедно со Отецот и Св. Дух, сега и секогаш и во вечни векови.
А М И Н !

Скопје, 16-ти јули 2017 лето Господово

храм на св. Јован Крстител,

sv.Anatolij.pat.Carig.jpg

на празникот на Светиот маченик Јакинт,Свети Анатолиј, патријарх Цариградски