Успението на Богородица – посредство кон Животот

Со помош на Богородица и преку Неа целата човечка историја достигнала ново ниво, далеку подобро и повисоко во споредба со она кое го имала пред Таа да се појави.

По Христовото воскресение, Богородица им била поддршка на апостолите и на новонастанатата Христова Црква. Таа ги учела новообратените христијани, ги насочувала, утешувала во страдањата.

И навистина, каква радост Ѝ принесуваме на Богородица кога Таа гледа дека ние се бориме за нашето спасение. Каков одмор! И самата Таа во својот овоземен живот ја водела таа невидлива борба, и без да биде совршена ни покажала пример на совршена аскеза.

И ние да го подражаваме Нејзиното крајно послушание, смирение, Нејзиниот мистичен и внатрешен духовен живот, Нејзината огнена молитва, непрестајното бдеење, светата љубов, духовните болки, прободувањето на Нејзиното срце во времето на распнувањето на Крстот на Нејзиниот Син.

На сите луѓе, кои ја водат духовната борба, Богородица им е непобедлив сојузник, дури и ако тие претходно живееле неблагочестиво.

Современиот човек треба да го цени спасителното посредство на Богородица, во страдањата и маките не треба да заборави за Помошничката на оние што страдаат, Застапничката, Покровителката, Утешителката на оние што очајуваат; обраќајќи се кон Неа тој секогаш ќе најде спокој, решение и одговор. Да се помолиме, бидејќи Богородица, „посредничката кон Животот“, секогаш го давала својот благослов, помагајќи ни да го минеме нашиот животен пат што е можно подобро, поспокојно и заштитени од измамите и подмолноста на лукавиот, и да се удостоиме за Небесното Царство на Нејзиниот Син. Амин.

Старец Ефрем Филотејски и Аризонски

Избород фејсбук страната на Петар Геогиевски