Состојки: 

  • 6 кромпири (средна големина), излупени и исецкани на кришки или малку поголеми коцки 
  • 1 шоља грашок
  • 1 морков, исецкан на кругчиња
  • 1 исецкано стебленце целер (по желба)
  • 1 главица лук, ситно исецкан
  • 1-2 лажички кари
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • магдонос за посипување

Начин на приготвување:

На масло пропржете го лукот и морковот (и целерот по желба), додадете кари, промешајте, Потоа додадете ја лажичката брашно, па добро промешајте. Веднаш додадете го компирот и вода, онолку колку компирот да се потопи во неа. Додадете грашок, посолете према вкус и оставете да се вари околу 20 минути, или додека компирот не се свари. На крајот додадете ситно исецканмагдонос.