Сосотојки:

  • 300 грама брашно
  • 100 грама маргарин
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици масло
  • 4 пиперки
  • 2 домати
  • 1 главица кромид
  • сол

Начин на приготвување:

Замесите го тестотот од брашно, на листови исечен путер, додаваќи вода и малку сол. Месите додека не стане глатко. Покријте го и оставите го на топло да нарасне тестотот.  Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на масло. Потоа додадите излупен и на делчина исецкан домат и пиперка. Посолете и поколпете, оставајќи да се динста околу половина час. Тестото растегнете го со сукало, па со него обложете го калапот за торта, подмачкан со путер. На тестото ставете ја издинстаната смеса од пиперки и домати и печете во загреана рерна на 180 степени.