Сосотојки:

  • 1/2 килограм соја во зрна
  •  1/2 килограм кромид
  • 1/2 килограм маргарин
  • 250 грама сенф
  • сол, бибер

Начин на приготвување:

Добро измијте ја сојата, полијте ја со топла вода и оставите ја преку ноќ да набабри. Потоа сварете ја, процедите ја и оставите ја да се излади. Ситно исецкан кромид, пропржете го во претходно загреано масло. Сомелете ја излдената соја, додадете  и го  испжениот кромид , промешајте, па повторно солемелете ја. Сојата промешајте ја со растопен маргарин и сенф. Забиберете и промешајте добро додека смесата не се соедини. Ставете ја во фрижидер да се олади и послужете ја како премаз.