Состојки:

  • 5 бабури
  • 250 грама грав
  • 2 главици кромид
  • 1 домат
  • малку сува пиперка 
  • масло
  • сол и бибер

Начин на приготвување:

Измијте го гравот и сварете го пазејчи да не се распаднат зрната. За тоа време исецкајте го кромидот и пропржете го на масло, а потоа доадете ја сувата пиперка, посолете и забиберите. Сварениот грав процедете го (не фрлајќи ја водата во која се вареше) и него додадете го на смесата со кромид и се заедно измешајте. Измијте ги пиперките, одсечете ги рачките и полнете ги со припремената смеса од кромид и грав. Секој апиперка затворете ја со  тркалце од домат. Пиперките наредете ги во подмачкано тенџере во кое ќе ги печете и полијте ги со водата во која се вареше гравот и потпечете ги во претходно загреана рерна.