Состојки:

  • 500 грама кора за баклава
  • 150 грама ореви 
  • 150 грама мак
  • 1 кесичка цимет
  • 300 грама шеќер
  • 0,5 литри вода
  • 1 лимон
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на приготвување:

Тавата во која ќе се пече баклавата да се намачка со масло  и во неа да се стават две кори попрскани со масло. Корите да се посипаат со оревите, макот и кесичката цимет. Наизменично да се редат подмачканите кори со масло, па филот од орев, мак и цимет се додека не се потроши смесата и на крај да се остават две кори за за одозгора. Баклавата да се исече со остар нож  на коцки, да се прелие со масло  и да се стави да се пече во загреана рерна околу 50 минути.  Печената баклава да се прелие со  изладен сируп од 300  грама шеќер, 0.5 литри вода , 1 кесичка ванилин шеќер и  сок од 1 лимон. Да се врати во исклучена рерна . Да се извади после 15 минути и да се служи оладена.