Одговори на Вашите прашања    

Одговара: отец Горан Стојчевски

Прашање од Даниела: Зошто Македонската православна црква прави многу малку, скоро ништо за помош на сиромашните и оние на кои им е потребна помош,на пример, може да организира собирање на зачувани, неоштетени алишта, книги и друг прибор за загрозени ученици и слични хуманитарни акции? Треба само некој да покрене акција да се организѕира .Црквата треба да има главна улога во помош на нашите луѓе во овие тешки времиња.

Одговор:

 Секогаш има и може да се направи нешто повеќе, но во сите епархии на МПЦ повеќе или помалку е развиена каритативната дејност, друга работа е колку е тоа медиумски покриено само за пред светот (како што некои сакаат), се зависи и од нас како личности колку сме подготвени самите да се вклучиме или да организираме таква акција, сиромашните секогаш ги имаме покрај нас и секогаш можеме да покажеме милост кон нив, не поучува самиот Господ.

Повеќе: