Од архивата на Преминпортал

ОДГОВОРИ:

Прашање од Драко: Кој е Салве?

Дарко светиот апостол Павле пред да постане христијанин бил нивни жесток гонител и се викал Савле за ова поопширно можеш да прочиташ во Делата Апостолски ( 9 глава).


   Прашање од Билјана:  Сакам да добијам подетални информации за црквата Св.Јован Опсечен во с.Ржановце слушнав дека била многу убава.Дали можам да ја посетам?, дали претходно треба да го најавам моето присуство таму?, како да стигнам таму- тој дел од Македонија воопшто не ми е познат ,односно немам престава каде воопшто се наоѓа црквата.

 Билјана, подетални информации за оваа црква и за тоа кога може  да ја посетите секако дека најдобро можете да добиете од парохискиот свештеник кој ја опслужува.Но јас лично би ви упатил една забелешка на тоа како ја именувате оваа црква, за Ваша информација ние имаме црква посветена на св.Јован Крстител , св,Јован Богослов, св.Јован Златоуст, св.Јован Дамаскин и други но црн св.Јован ,св,Јован опсечен и слично не постојат и затоа не би требало така да ги ословуваме светителите.

Прашање од Емилијаа: Моето прашање се однесува на можноста за контакт со духовен отец. Знам дека некои од нив служат во Св. Горгија во Криви Дол. Како да дојдам во контак со нив.
И подпрашање само кратко околу делувањето на духовниот отец со луѓето кои доаѓаат при него.

 

Емилија , навистина ме радува што сакате да остварите контакт со духовен отец, за што можете да се обраите во било кој од храмовите во скопската епархија а ако веќе сте се одлучиле за свестениците кои богослужат во манастирот св. Георгиј” во Криви Дол тогаш тоа може  да го направите во недела по завршувањето на светата Литургија.

sv.petka.pet10.jpg

Цане, доколку навистина имаш желба да дознаеш нешто повеќе за животот и делата на овој свет човек.јас би ти препорачал да ја прочиташ книгата која е издадена од Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква, во 2001 година а ја приредил професорот Борис Бошковски ,кој патем бил и негов ученик кога свети Јован Шангајски и Битолски бил професор во Битолската Богословија. А што се однесува до твојот предлог за негово чествуванје во македонскиот храм во Лос Ангелес тоа сепак би требало да го произнесеш  на владиката Методиј со кого лично се познаваш засто сепак тој е надлежен архијереј на Американско- канадската епархија.


--
Љубинка, доколку се случи Вашата идна снаа да забремени пред венчавката, сепак венчавањето ќе може да се изврши зашто ако веќе детето е зачнато во неблагословена заедница тогаш да не дозволиме тоа и да се роди во таква неблагословена заедница.

  Одговори на Вашите прашања

 

Посети:{moshits}