Во раѓањето си го сочувала девството, а во успението не си го оставила светот Богородице; туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.
Блага Мајко на Преблагиот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Марие, излеј ја врз мојата страдална душа милоста на Твојот Син и Бог наш. Со Твоите молитви води ме кон добри дела, та останатото време од мојот живот да го поминам без грев и преку Тебе, Богородице Дево, единствена чиста и благословена, да го најдам рајот.
Надеж моја е Отецот, прибежиште ми е - Синот, Покров мој е - Духот Свет, Троице Света Слава Ти.
 28 август 2010 год.
Во манастриот  Успение на Пресвета Богородица, во месноста Трескавец,  многубројниот верен народ дојде да се поклони и да го одбележи  празникот посветен на  Нејзиното Успение.
    
„Дево Богородице, Ти што замина од земјата, не оставај ги тие што се на земјата, што на Успението се поклонуваат.“ „Дево Богородице, Ти што замина од земјата, не оставај ги тие што се на земјата, што на Успението се поклонуваат.“
 
 

Warning: No images in specified directory. Please check the directory!

Debug: specified directory - https://www.preminportal.com.mk/images/Treskavec_Uspenie


 

Подготви: Мери Ангелеска