МОЛИТВА ПРВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Јас јадникот пак се сопнав со умот, и по лошата навика служејќи му на гревот, пак ме зароби кнезот на темнината и родителот на страсните наслади, и како понижен роб ме принудува да и` служам на неговата волја и телесните желби. И што друго да правам, Господи мој, и Избавителу, Заштитнику на оние кои се надеваат на Тебе, ако не пак да се вратам кон Тебе и да залипам, и испросам милост за она што сум го направил? Но, се плашам и треперам, да не би некако исповедувајќи  се секогаш и ветувајќи дека ќе отстапам од лошотиите, секој час да грешам, и не упатувајќи ја мојата молитва кон Тебе, мојот Бог, сум ја поттикнал и долготрепеливоста Твоја на негодување. А кој ќе го поднесе Твојот гнев, Господи? Но, познавајќи ја големината на Твоето милосрдие и широчината на Твоето човекољубие, јас пак прибегнувам кон Твојата милост, и извикувам кон Тебе: Прости ми што згрешив, помилуј ме паднатиот; дај ми рака на помош на заглибениот во глибот на сластите; не дозволувај Господи, созданието Твое да пропадне во своите беззаконија и своите гревови, туку поттикнат со вообичаеното Твое милосрдие и добрината, избави ме од калта и телесната нечистотија, и од моите страсни помисли кои постојано ја валкаат мојата јадна душа. Зашто еве, Господи, како што гледаш во неа нема чисто место, туку сета стана губава и целото мое тело го покри рана. Сам значи, Човекољубив Лекару на душите и телата и Извору на милоста, очисти ја со поројот на моите солзи правејќи обилно да ги пролевам, излеј го врз мене Твоето човекољубие и дај ми оздравување и очистување и исцели ме скрушениот, и не го одвраќај Своето лице од мене та да не ме проголта огинот на очајание како обична твар. Туку, како што си рекол, вистински Боже, дека голема радост бива на небото за еден грешник кој се кае, направи го тоа и со мене грешниот, и не ги затварај ушите на Твоето милосрдие, пред  молитвите на моето покајание, туку отвори ги, и таа нека излезе како кадило пред Тебе. Зашто Ти, Создателу, ја знаеш немоќта на природата и лесното паѓање во грев на младоста, млитавоста на телото, и не гледаш на гревовите, и го примаш покајанието на оние кои вистински Те повикуваат. Зашто се благослови и прослави пречесното и величественото Твое име, Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

 

 Друго:

 
Молитви од светите отци (1)

bogorodica.k.dol.jpg

МОЛИТВА  НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

Дева Марија – Таа е Владичица најдобросрдечна на сите човечки синови и ќерки, зашто е ќерка на Бога Оца, Кој е љубов, Мајка на Бога Словото – нашата љубов, избрана невеста на Сесветиот Дух, Кој е љубов, едносуштна со Оца и Словото . Како да не прибегнуваш кон таква Владичица и да не чекаш од Неа секакви духовни блага!

Повеќе...

 Посети: {moshits}