[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=VXjD3b7SLBQ[/youtube]

 

Една година по официјалното прогласување на Светиот свештеномаченик Кипријан за Светител, денеска со Свечена Литургија, Литија, рецитал посветен на Светителот, и пригодна музичка програма, Слепченскиот Манастир „Свети Јован Претеча“ во Демирхисарско Слепче, го одбележа денот на својот Игумен кој маченички пострада за православната вера, токму на денешен ден 30-ти април, во 1780-та година.

Верници од целата наша држава денеска допатуваа во Слепче за да се поклонат на неговите свети мошти и да ја целиваат неговата икона молејќи го Светителот за здравје и спасение. Литијата со иконата на Светителот и мироточењето на неговите свети мошти, предизвикаа молитвени воздишки и посебна радост кај сите присутни.

Сестринството на Манастирот со најголема љубов, ги пречека и испрати многубројните гости меѓу кои и Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар, како и градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.


Токму на денешната свеченост и официјално Демир Хисар го прогласи Свети Кипријан за свој заштитник, покровител и патрон на градот.

Моштите на Светителот се изложени за поклонение, секој неделен ден после неделната Литургија во Манастирот.

 

Сестринството на Манастирот

 30-ти април 2018 лето Господово