Скопје, 15.02.2018 г.- храм на с. пророк Илија

 

 На денот кога Светата Христова Црква молитвено го слави споменот на Сретение Господово во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отед Златко Малинов во сослужение на ѓаконот Димко Симевски отслужи   Божествена  Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијарта отецот произнесе празнична беседа.

 

 

 

 

  ✜✣✜

Удостој ме, Добротвору, да Те примам со духовните раце, како Симеон во она време, и да се насладам со Твојата добрина, зашто Ти си единствената моја желба и наслада. Откако со љубов духовно ќе ги запалиме сите свеќи на добродетелите, заедно со Симеон и Ана да Го пресретнеме Христа, Кој сака да дојде да ги освети оние што Го воспеваат. Откако сите ние ќе ги подготвиме срцата, како рацете, денес чисто да Го примиме Христа Кој доаѓа, и да се насладиме со Духот на Неговите божествени дарови.

 

 

 Преминпортал (к.т.)