12-ти октомври 2017 год.

ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ-СКОПЈЕ И БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ И ПРОЕКТИ ВО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРИДОБИВКИТЕ

ОД МЕЃУРЕЛИГИСКИОТ ДИЈАЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА НОВИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ


Делегација на Факултетот за безбедност-Скопје предводена од продеканот за наука и развој  доц. д-р Марјан Ѓуровски, а во чиј состав беа Раководителот на Катедрата за општество-политички и правни науки проф. д-р Цане Мојаноски и доц. д-р Александар Иванов оствари посета на Богословскиот факултет „Св.Климент Охридски„-Скопје придружна членка на Универзитетот „Св.Крил и Методиј„-Скопје и беше применa од Деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиевски и продеканот за настава доц. м-р Петко Златевски.


На средбата се разговараше за идната соработка меѓу двете високо образовни институции, подготовка на заеднички проекти и научно- стручни конференции и дебати со цел потикнување на позитивното влијание на интеркултурниот и меѓурелигискиот дијалог врз миграциите, справувањето со тероризмот и новите безбедносни предизици превенирање на насилството и радикализмот во секојдневното живеење, и др. Воедно се разговараше и за споделување на искуствата и знаењето од современите форми на обезбедување  на верските објекти кои се изложение на кражби и скрнавење.

На крајот од средбата на Богословскиот факултет за потребите на професорите и студентите од Факултетот за безбедност-Скопје беа врачени повеќе примероци од издадениот зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Свети климентовите пораки за етиката, моралот и вредностите„ што ја организираат минатата година двата Факултети по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски.

 

Скопје, лето Господово 2017