Скопје. 2017 лето Господово

- храм на св.Петка, н. Црниче

sv.Kalinik.jpg

Светиот маченик Калиник 

Во храмот на св.Петка,во скопската населба  Црниче,на празникот на Светиот маченик Калиник, свештеникот Јане Илиев отслужи Божествена Литургија, на која бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

- Соборен храм Скопје

sv.Evdokim.jpg

Свети Евдоким   

 На  13 ти август 2017  лето Господово, кога Македонската православна црква молитвено го прославуваше  празникот на Свети Евдоким; Свети Јосиф од Ариматеја ,свештеникот Зоран Копчаревски отслужи Божествена Литургија на која со Светите Христови Тајни верниците се причестиа .

 

 

 

 

 

- храм на св.пророк Илија

7Makaveevisinovi.jpg

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар

Во  храмот на св. пророк Илија, н. Аеродром, на празникот на  Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар    
старешината на храмот, отец Зоран Стаменковиќ  отслужи Божествена Литургија.

 

 

 

Непрестајната молитва ја чисти атмосферата на умот од мрачните облаци и од ветровите на духовите на злобата. Кога атмосферата на срцето е чиста, повеќе ништо не пречи да засветли божествената светлина Исусова... Како што долините изобилно раѓаат пченица така Исусовата молитва изобилно го оплодува срцето твое со секое добро. Подобро кажано, тоа ти го дарува Самиот наш Господ Исус Христос, без Кого не можеме да правиме ништо (Јован 15, 5).- Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски