Скопје, 15-ти - јануари 2017 год.-храм  Рождество на Пресвета Богородица


Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието.

 

 

 

 

 

На 15.01.2017 година, кога Светата  Црквата молитвено го прославува споменот на Свети Силвестер, eпископ Римски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот, протоереј Трајче Петковски, во солужение на ереј Игор Димитриевски и ѓаконот Методиј Митановски, отслужи Божествена Литургија  во Нејзиниот храм, во Скопје. Бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата о. Трајче Петковски произнесе празнична беседа.

 

 

 Преминпортал (к.т.)