“Зошто луѓето учат преку болка и страдање, а не преку задоволство и среќа? Многу едноставно, затоа што задоволствата и среќата го привикнуваат човекот да се задоволи со она што е дадено во овој свет, додека пак болката и страдањето го водат да бара подлабока среќа над границите на овој свет. Во овој момент, претрпувам една болка, но го повикувам Исусовото име - не за да ми ја олесни болката, туку за Христос, во Кого единствено можеме да го надминеме овој свет, да биде со мене во тоа време, и Неговата волја да биде во мене. Во задоволството не Го бараме; Задоволни сме со она што го имаме, и не ни треба повеќе. И зошто философијата на задоволствата е неодржлива? - затоа што задоволството е минливо и несигурно, а болката е неизбежна. Во болката и страдањата, Христос ни се обраќа нам, и затоа Господ е добар да ни ги испрати, и злото исто така - зашто во сето ова, насетуваме нешто што лежи над тоа, дека навистина постои она што нашите срца најдлабоко го посакуваат“.

Отец Серафим Роуз+

Избор од фејсбук страната на:

Дојранска епархија

19-ти мај, лето Господово 2016