Европско Годишно Собрание

Во периодот од 15-17 мај 2015 г ,во градот Триенген р.Швајцарија се оддржа редовното годишно собрание на Европската Епархија.
Во петокот навечер Епархискиот Управен Одбор оддржа состанок на кој се констатираше работењето во текот на изминатата година.
Во сабота состанокот започна со света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен и сите свештеници од Европската Епархија.
Во присуство на скоро сите делегати од Европските Црковни општини се оддржа собранието кое оваа година беше изборно.  Во потполен ред и хармонија со активно учество на сите делегати преку дискусија , речиси 5 часа интензивно се исцрпуваше дневниот ред.

За особена пофалба се домакините од МПЦО Св.Наум Охридски кои функционираа сите како еден и се погрижија сите три дена ништо на никој да му недостасува и се да биде во ред и навремено доставено на секој.

Господ Бог ,кој во неделата го прославувавме преку неговото чудо кога ги отвори очите на слепиот , нека се смилува над сите нас и нека не удостои ние да не бидеме духовно слепи и како свештеници со духовно раковоство на нашиот возљубен Митрополит г.Пимен да го водиме народот по патот кон светлината.
Да се радуваме и веселиме и нека убавите зборови на о.Пимен ,,Слава Му на Бога!

Богат е човек кој има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ“ни бидат потик и стимул за сите нас и како свештенство и како верен народ ,кој иако далеку од родното огниште,живата света  Македонска Православна  вера ја пренесува низ цела Европа.


известува отец Душко Пецов -парохиски свештеник во МПЦО  св.Кирил и Методиј -Дортмунд