Sample Image

Издаваштвото на Повардарската епархија е збогатено за уште едно капитално дело, дело кое треба да биде задолжително присутно во личната библиотека на секој свештеник, во секој храм, па и во домот на секој верник. Во пресрет на Воскресението Христово, издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ ја подготви оваа книга, насловена како „Проповедничка енциклопедија“ која на своите 1050 страни нуди огромна инспирација за подготвување проповед, но самата не содржи готови проповеди. Таа е поле за размислување, помошно средство и поттик да се напредува во проповедништвото. Книгата е преведна од бугарски јазик, а преводот на нашиот македонски јазик го приспособија Митрополитот Повардарски г. Агатангел и дипломираниот теолог Гонца Запрова Анастасова.

На сите свештенопроповедници кои ќе ја користат оваа „Проповедничка енциклопедија“ им посакуваме успех во нивната мисија, која денес и овде ни е повеќе од потребна.

Книгата може да ја набавите во храмовите на Повардарска епархија, во седиштето на Повардарската епархија, или на телефон 043 221 231 и на електронската пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во прилог на оваа вест можете да го прочитате и предговорот на оваа книга .

 

Извор: Повардарска епархија