http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/Koncerthor2015.jpg

На 21. 03. 2015 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес се одржа Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува втора година по ред во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово.

Како и минатата година, на овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, речиси целото свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот младински хор. Во рамките на Великопосниот концерт беа изведени дванаесет композиции, во кои покрај нашиот хор, како солисти настапија Вариса Хајдарпашиќ, Елена Петрушева, Ана Михајлова и свештеникот Мики Миовски, а годинава велелепноста на ова прекрасно духовно и музичко збиднување беше збогатена и со настапот на нашиот најпознат црковен хор „Св. Злата Мегленска“ од Скопје, кој работи под водство на диригентката Летка Димовска Полизова. На почетокот на Великопосниот концерт пред присутните слово изрече и Митрополитот Агатангел , кој го благослови го овој настан.

 

Извор:Повардарска епархија