Во средата од првата седмица од Великиот Пост (25 февруари 2015г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

По литургијата, со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, беше извршена света тајна исповед на свештенството од Кумановско-осоговската епархија. Исповедта ја изврши архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофот Доброслав Бошковски.

Извор: Кумановско- осоговска епархија