P1130706

Оваа недела, кога си спомнуваме изгонувањето на нашите прародители од Рајот, и кога го читаме Великиот Покаен Канон на св. Андреј Критски, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар ќе богослужи во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола.

Господ му дал на човекот голем дар. Тој е слободен да избира: ако сака, влегува во рајот, ако не сака, не. Бог не го турка таму насилно. Ако повикуваш кон Бога, Тој ти помага, ако не повикуваш, не. Треба непрестајно да ја просиме, во секој миг, Неговата помош, Неговата милост, за да се смириме. Бог постојано не повикува: „Дојдете при Мене, сите изморени и обременети од гревот“, – но присилно никого не го турка во рајот. – Старец Дионисиј Игнат

Господи и Владико на мојот живот, дух на мрзливост, униние, властољубие и празнословие не давај ми.

Дух на целомудрие, смиреномудрие, трпение и љубов, дај му на Твојот Слуга.

Еј, Господи Цару. Даруј ми да ги согледам моите согрешенија, и да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во сите векови. Амин.

P1130707

P1130712

 

Извор:Преспанско- пелагониска епархија