Матка, 19-ти јануари, лето Господово 2015

vozdvizenie.jpg

Тропар на празникот, глас 1.

Глас први:

Кога во Јордан се крштеваше Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син: и духот во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.

 


 Во триесет и втората недела  по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија  радосно го слави споменот на Богојавление – Водици, во манастирот на Успение на Пресвета Богородица, во Матка,  отец Благоја  отслужи Божествена Литургија на која верните се причестија со Светите Христови Дарови, со  вера и надеж во    исцеление и просветлување.

По Литургијата, во литија, пеејќи и читајќи молитви, верниот народ радосно  се упати кон  реката Треска ,  каде изврши Голем Богојавленски водосвет и во водата се  фрли  светиот крст. И во таа средба со Христос сите  бевме неизмерно среќни, а најмногу  среќниок фаќач, во чиј дом ќе се чува крстот се до наредната година.

 

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан нѐ просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.