На 19.01.2015, кога црквата го слави празникот Богојавление, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво отслужи света божествена литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово. По литургијата Митрополитот изврши голем Богојавленски водосвет и го положи светиот крст во водите.

На Литургијата покрај многубројните верници присуствуваше и Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов. Истиот ден, во Гостивар, по седум децении, се возобнови празнувањето на Водици и положувањето на светиот крст во водите на реката Вардар. На овој свет чин во присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов и многубројните верници, положувањето го изврши Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители на ТГЕ.