Вера и љубов

Оние што Го љубат, вистински веруваат во Бога – тие се вистински христијани не само по име, туку и на дело и со живот, затоа што без љубов, верата е јалова. Вера со љубов, тоа е верата на христијаните, а вера без љубов, тоа е верата на демоните.

Св. Беда Достојнопочитуван

Да се љуби Христос не значи да се биде наемник, ниту побожноста да се гледа како трговија од која ќе излезе некаков профит (тука или во вечноста), туку само поради љубовта кон Бога да се биде добродетелник.

Св. Јован Златоуст

Сфаќате ли колкав дар ни е даден со тоа што Бог ни го дал правото да зборуваме со Него секој час и неког миг, каде и да сме? Тој постојано нѐ слуша. И ова е најголемата чест што ни е дадена, и поради која мора да Го љубиме Бога.

Св. старец Порфириј

Извор: http://pravoslavie.mk.